ИСТОРИЈА НА ЈЗУ ОПШТА БОЛНИЦА КОЧАНИ Болницата во Кочани е формирана во далечната 1924 година како Станица за маларија. Во 1949 година се изградени општа и забна амбуланта за да во 1952 година се регистрира како Здрaвен дом Кочани. Во педесетите години започнува со отварање на одделенија ( интерно, детско, хирургија ). Болницата е лоцирана во централното градско подрачје и нуди здравствени услуги на околу 120.000 жители од општините : - Кочани, Чешиново-Облешево, Зрновци и градовите кои гравитираат кон Кочани – Виница, Берово,Пехчево, Делчево и Македонска Каменица. Медицинскиот и другиот помошен персонал кочанската болница - 1964 година Внатрешната организација на работата во Болницата е определена согласно законот за здравствена заштита и статутот на Болницата. Дејноста на болницата се одвива преку организациони единици: служби, одделенија, оддели, отсеци, кабинети, оперативен блок, дневни болници и ординации(амбуланти). Правно администратвни и економско финансиските и техничките работи, компјутерска обработка на податоции и други помошни работи се вршат преку посебни служби. прочитај повеќе